Ванковска: Главата горе и го чекаме 8 мај

  • Фејсбук статус на билјана Ванковска

Добро ви утро, драги луѓе, од сите меридијани! Ме заплиснавте со толку топли пораки на поддршка и охрабрување, небаре сум поминала во втор круг. 😊 А јас не стасувам да ви одговорам како што е ред.

Уште пред 24-ти ме фати мала настинка која сега станува полоша, па веројатно ќе ми треба уште некој ден да ја совладам. А богами заслужив и одмор, зар не?

Сакам уште еднаш да ви заблагодарам за сета позитивна енергија што ми ја дававте со месеци. Мојот впечаток е дека достоинствено изодевме еден пат кој вредеше да се изоди, наспроти сѐ. Нема жалење, нема каење – таков е патот на левичарите. Ние никогаш не одиме по полесниот опортунистички пат, ниту умееме да играме улога на тројански коњ.

Главата горе, и го чекаме 8 мај.