2win800x200

Пеце Милевски пријавил само движен имот, приход од земјоделски производи и кредит

Април 26, 2024

Апла.мк во следниот период, додека трае изборната кампања, ќе ги објавува имотните листови на дел од кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори, од сите политички партии кои и досега извршувале и извршуваат јавни функции. Податоците ќе бидат официјални според анкетните листови приложени до Државната комисија за спречување на корупција.

 

Пеце Милевски, актуелен директор на ЈКП „Водовод“ Битола и кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во анкетниот лист за неговата имотна состојба  не пријавил ни куќа, ни стан. Милевски најверојатно живее на имотот на своите родители, оти вака како што стои во имотниот лист, единствен имот е неговото возило „Фолксваген пасат“, сметки во банка и средства од продажба на земјоделски производи.  

Милевски  навел дека има за плаќање и стар кредит до 2025 во износ од 272.352 денари или околу 17 илјади евра.  Не е наведно за што е искористен кредитот. 

437033606 1569413433604209 387895088648851468 n

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани