[ВИДЕО] Рецепт за пита од тиквички која може да се јаде во секоја доба од денот: Брзо ќе ве засити со својот неодолив вкус

Точка

23/04/2024

20:39

7.994

Големина на фонт

а а а

Доколку трагате по диетален оброк, тогаш оваа пита од тиквички е вистинското решение за вас.

Состојки:

- 2 тиквички;
- 4 јајца;
- 200 милилитри јогурт;
- 30 милилитри масло;
- сол, бибер, оригано, куркума или кари;
- 4 лажици палента;
- 4 лажици пченкарно брашно;
- 1 прашок за печиво;
- 2 лажици семе: сусам, ленено, тиква, чиа, ким;
- 200 грама сирење;
- 50 грама сирење кое се топи.

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги, па додадете ги во изматените јајца и јогуртот и сирењето. Додадете го брашното и семките, зачините и солта. Сѐ измешајте, па излијте го во тепсија и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 40 минути.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг