Тренерот на Леганес: Немавме среќа со судиските одлуки!

Леганес загуби на гостувањето кај Реал Мадрид со 3-2 во Примера, меѓутоа натпреварот крена доста прашина. 

Шпанската јавност посочи дека судиите му помогнале на „кралскиот“ клуб во неколку ситуации. Коментар за натпреварот даде и тренерот Борха Хименез.

„Им верувам на судиите, меѓутоа немавме среќа со судиските одлуки. Мислам дека клубот треба да преземе нешто.

На овој стадион успеа да победи само Барселона, додека Атлетико освои бод. Сметам дека и ние заслуживме да останеме непоразени, можеби дури и да победиме. Се надевам дека ова ќе нè зајакне“, изјави Хименез.

Неколку ситуации на мечот на „Сантијаго Бернабеу“ беа во најмала рака спорни. Поради тоа имаше бројни реакции од јавноста. 

<<< - ПОВРЗАНО - Шпанската јавност се крена: Имаше ли пенал за Реал против Леганес? (ВИДЕО)