logo
logo
logo

Мабпе прави невиден преседан: На теренот нема да го видиме долго време

Vecer | 25.07.2023

Мабпе прави невиден преседан: На теренот нема да го видиме долго време

Килијан Мбапе доби нереална понуда од Саудиска Арабија поточно од Ал Хилал. Овој клуб му понуди 700 милиони евра за една сезона, додека на ПСЖ му беше понудено обештетување од 300 милиони, што францускиот шампион го прифати.

Сепак, иако ПСЖ се согласи на трансферот, Мбапе нема намера да игра следната година во Саудиска Арабија без разлика на понудата од 700 милиони евра. Тој само сака да оди во Реал Мадрид и тука е крајот на приказната за него.

Доколку не стане член на мадридските кралеви, Мбапе ќе направи неверојатен преседан во светот на фудбалот. Тој е подготвен да ја следи целата сезона од трибините и на тој начин да им покаже на сите во Париз дека нема намера да игра според нивните ноти.

Мбапе веќе ја донесе својата конечна одлука и нема да биде разгледана апсолутно никаква понуда од Саудиска Арабија или некој друг клуб. Оваа одлука значи и дека Мбапе нема да го видиме на фудбалските терени една година, што сигурно ќе биде голем срам.

Тој повеќе би сакал да не игра отколку да оди во Саудиска Арабија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk