Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето, јавија јапонските медиуми

21.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Два хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето, јавија јапонските медиуми

Хеликоптерите SH-60 синоќа изведоа вежби за борба против подморница во близина на јужниот брег на централна Јапонија, наведуваат јапонските медиуми.

Потрагата по исчезнатите членови на екипажот на авионот продолжува.

Јапонскиот министер за одбрана Кихара Минору на прес-конференција рече дека двата хеликоптери најверојатно се судриле.

Американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел, на социјалната мрежа Икс објави дека Јапонија може да смета на САД во спроведувањето на операцијата за потрага по исчезнатите лица. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата