ДЕТЕТО ИМАЛО ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ: Полицијата го најде возачот кој го удри во Бутел

Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 22:54
За видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, полицијата ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
„Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.„Ферид Бајрам” и ул.„Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка“, објавија од МВР.
На видеото се гледа дека другите учесници во сообраќајот тргнаа по детето, да видат дали е во добра здрвствена состојба.Можеби ќе ве интересира
ТРЕНДАФИЛОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ПРЕД ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОРАКА: Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!

Обвинителството предложи притвор, Арифи барал поткуп од 100.000 евра

Финансиска полиција „тресе“ фирма на човек близок со Оливер Спасовски

„КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ“: СДСМ со прашања до власта

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

СЕ ВРАЌА ПРОЛЕТТА: Убави вести доаѓаат од прогнозерите

СУДСКИ СОВЕТ ЌЕ ПРАВИ УВИД ВО ПРЕДМЕТОТ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА 22 ГОДИШНАТА ТЕОДОРА: Ќе вродат ли со плод реакциите?

„СРКАМЕ ШТО НИ НАДРОБИЛЕ“: И професорот Дескоски со реакција за тетовскиот судија Ељведин Ферати

„СДСМ ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД АЛИБИТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА“: Величковски за Филипче
