КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
„За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз. Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат и пообилни“, напиша метеорологот Славчо Попоски.
Според него, максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
„Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд.
И во Скопје и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 20 степени.
Барем одсега гледано, поради тоа што нормално сите ние се интересираме какво време не очекува за 1 мај и за Велигденските празници, времето би било пролетно топло и без некои позначителни врнежи и нестабилност на Атмосферата. Детална и конечна анализа околу ова ќе објавиме во следните денови, кога се ќе биде многу појасно“, напиша тој.