Како што соопшти Министерството за здравство на Чешка, постои закана од опасна болест, објави порталот „globe24.cz“.
Во областите погодени од поплави постои ризик од ширење на лептоспироза, која потенцијално може да доведе до откажување на црниот дроб и бубрезите и да биде фатална. Лептоспирозата е бактериска болест предизвикана од лептоспира.
„Лептоспирите можат да навлезат во човечкото тело преку гребаници, со вдишување или голтање контаминирани аеросоли или вода. Ретко, инфекцијата се јавува преку каснување од животни“, се наведува во соопштението.
Povodně jsou líhní infekčních chorob. Objevit se může i leptospiróza https://t.co/B9qfIxl6ep
— Globe24.cz (@Globe24cz) September 16, 2024
Годишно во просек се регистрираат по неколку десетици случаи, годинава до крајот на август имало 15, покажуваат податоците на чешкиот државен здравствен институт. Особено по повлекувањето на водата може да се очекува размножување на бактеријата лептоспира, која се шири преку урината на заразените животни.
Во вода и почва контаминирана со урина на заразени животни, бактериите можат да преживеат неколку недели или месеци.
Повеќе од 80.000 луѓе се уште се без струја во Чешка поради поплавите. Најлоша е и понатаму во моравско-шлезискиот регион.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата