Борба со церебрална парализа и со институциите

Триесет и шест годишниот Стефан Ивановиќ, кој боледува од церебрална парализа се пожали дека е доведен на работ од егзистенција и стравува дека ќе остане и без парите кои ги добива од државата откако му стигнало решение со кое се бара да врати назад над 55 илјади денари поради тоа што не направил контрола за неговата здравствена состојба.

ТВ 24 побара став од Министерството за труд и социјална политика по однос на проблемот со кој се соочува Стефан Ивановиќ.

Од ресорното министерство не препратија во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во општина Чаир да побараме одговор – до овој момент ниту оттаму не добивме одговор поради кои причини Стефан Ивановиќ треба да врати над 55 илјади денари назад на државата.

Стефан Ивановиќ во моментов единствено ортопедските помагало но посочува дека во неговото срце со години тлее искра надеж дека ќе успее да замине на операција во Русија со што неговото секојдневие ќе добие понаков тек, а животот поубава димензија.