Свет

Германија: „Хенкел“ оствари раст на продажбата и профитот

19 мар 2024

Малопродажниот гигант „Хенкел“ за минатата година пријавила дека остварила раст на продажбата од 4,2%, додека продажбата на нивото на групацијата достигнала 21,5 милијарди евра.

 Вкупната продажба имала пад од 3,9%, главно поради деинвестирањата во деловните активности во Русија, соопштуваат од компанијата.

И покрај предизвикот на пазарното опкружување, во 2023 година доследно напредувавме со нашата стратегија за раст и дури и ја забрзавме нејзината имплементација. Остваривме многу силен органски раст на продажбата и значително ја подобривме профитабилноста, изјави Карстен Кнобел, извршен директор на „Хенкел“.

Компанијата пријавила двоцифрен раст на приспособениот оперативен профит од 10,2%, или 2,6 милијарди евра, кој бил поттикнат од високите цени и мерките за намалување на трошоците и подобрувањето во ефикасноста на производството и синџирот на снабдување.

Во продажната единица „потрошувачки брендови“ компанијата остварила раст на продажбата од 6,1% или 10,6 милијарди евра, додека во единицата „технологии“ била остварена продажба од 10,8 милијарди евра, што претставува пад од 4%.

За годинава компанијата очекува раст на продажбата во распон од 2,0% до 4,0% за двете продажни категории.

Извор: esmmagazine

Фото: „Хенкел“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...