Лукаревска за ТВ 24: Ова е аларм за нас, во следните две недели да дадеме се од себе за да оствариме што подобар резултат

Сања Лукаревска од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека изборниот процес не е завршен, зошто сега ќе го трчаме второто полувреме на 8 мај. Вели дека во партијата биле свесни за се она што е грешка во делот на владеењето и за тоа ја добиле сметката од граѓаните.

- Се покажа мирен и демократски изборен ден. Активно ќе ги продолжиме разговорите со граѓаните, ова е силен сигнал за нас, аларм, но горди сме на тоа дека продолжуваме по патот на ЕУ и нема да се откажеме од целиот тој процес. Веќе имаме потфрлања, разочарувања и тоа е доблесно да се признае и тоа не е никакво оправдување. Тоа создава уште поголема одговорност во следните две недели да дадеме се од себе за да оствариме што подобар резултат и на следните избори. - рече Лукаревска.