Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата, ќе извести за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.