ВИДЕО | Ковачевски: Јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме, во вториот круг очекуваме подобри резултати
Јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива, но сè уште не е доцна да се смени правецот. Никогаш нема да се откажеме од европската иднина и имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, куќа и до секој граѓанин дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски
Ковачевски порача дека нема друга опција освен земјата да биде дел од ЕУ. Тој вели дека е време да се стават на страна сите разлики и да се обединат зад идејата за европска Македонија.
Ако ја пропуштиме шансата, тој вели дека ќе биде потребно многу повеќе време земјата да се врати на вистинскиот пат.
-Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани. Но, сега не е време за откажување. Имаме уште две недели, ќе бидам на терен секој ден со вас и ќе работиме за да ја добиеме поддршката. Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме заедно бидејќи ова е најважната битка за европска Македонија. На 8 мај кога не очекува претседателскиот круг и парламентарните избори, додаде Ковачевски.
Прашан дали размислува за оставка од функцијата престедател на СДСМ, Ковачевски порача дека во вториот круг очекуваат подобри резултати.
-Јас никогаш не бегам од одговорност, но за тоа што се случува после секои избори одлучуваат партиските органи, вели тој.
На прашањето дали чувствува лична одговорност, порача дека ова прашање може да му го постават по две недели, а и не мора.