Деми Мур како црно бел лебед во уникатна креација со потпис на Балман

26 јануари 2024

Холивудската актерка Деми Мур на премиерата на серијата Feud: Capote vs. The Swans во Њујорк, се појави во прилично импресивно издание.

Тоалетата што Мур ја носеше беше со потпис на Балман, а наликуваше на лебед во црно бела варијанта, во чест на улогата што ја има во серијата.

Актерката се појавува во улогата на Ен Вудворд, една од лебедите (Swans) на Капоте, а останатите се Наоми Вотс, Коли Севиљи, Калиста Флокхарт и Моли Рингволд.

Серијата е второ продолжение од вкупно осум, базирано на бестселерот од Лорен Лимер, којшто ја отсликува кавгата помеѓу Капоте и неговите девојки од високата класа.

Изгледот на Деми којшто навистина се истакнуваше на црвениот тепих беше дополнет со накит од Cartier.

Актерката зрачеше со позитивна енергија и покажа дека се враќа на голема врата на малите екрани.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brad Goreski (bradgoreski)

Објавено:
26 јануари 2024
Категорија: 
Актуел