Димитриевски: На македонската политичка сцена се раѓа нешто ново

 Граѓанинот мора да се одважи за да се прекине праксата едните да доаѓаат, другите да си одат без одговорност.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вчера ги отвори просториите на Општинската организација во Гевгелија. Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обрати Максим Димитиревски, Претседател на ЗНАМ и кандидат за Претседател на Македонија на претстојните претседателски избори. „Сакам вечерва да упатам еден апел до сите вас присутни овде. Да ја пренесете оваа позитивна енергија кај секој ваш сограѓанин и да им кажете дека на македонската политичка сцена се раѓа нешто ново. Се раѓа едно движење коешто всушност е формирано за граѓаните“, рече Димитриевски и додаде: „ До вчера граѓаните велеа сите се исти. Мора да потенцирам дека ние не сме исти. Нас не не’ спојува ниту материјален, ниту финансиски, ниту каков било друг интерес. Нас не спојува само единствениот интерес, а тоа

е наша Македонија. Бидејќи ако продолжи оваа тортура којашто се случува во моментов и од едната и од другата страна, за жал ќе ни остане Македонија само на хартија, а нивните џебови дополнително полни. Затоа обичниот човек мора да се одважи на следните избори и масовно да излезе и да даде поддршка не само на ЗНАМ, туку на сите нови политички

субјекти. Мора да има баланс во општеството. Мора да има баланс во политиката, во спротивно ќе ни се случува тоа што се случува во континуитет 30 години. Едните доаѓаат, другите си заминуваат и така цело време во круг, никому ништо не фали, единствено граѓанинот обичен крај со крај едвај истерува“, потенцира Диитриевски.

„Мојата цел е Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура“, додаде тој.

„Нашата обврска е власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме сериозен тас на вагата веќе на следните парламентарни избори, а веднаш потоа и да бидеме минимум втората политичка сила во државата.Тоа и те како можеме да го реализираме, затоа што тоа ние еднаш веќе го направивме. Го направивме тоа во Куманово кога сите не

отпишаа. Се боревме сами против сите. Но не бевме сами. Обичниот граѓанин беше рамо до рамо со нас. Максим немаше да биде избран на последните избори доколку немаше поддршка од обичниот граѓанин. И затоа сметам дека таа енергија може да се прошири низ целата држава“.

Димитриевски рече дека влегол во оваа трка не за да се бори сам за себе си, туку рамо до рамо со обичниот граѓанин да се бори за подобра иднина и подобра перспектива.

„Јас имам позиција во Куманово којашто ми ја дадоа мои кумановчани. Но видете, кога гледате несреќни луѓе околу вас вие не можете да бидете среќен кога извршувате било каква функција. Затоа ќе водиме позитивна кампања. Нашата кампања ќе нуди соодветни решенија, а тие нека си ги вадат црните работи и имаат обврска да ја разматат барата којашто ја

заматија во целост.”

Особена чест за мене и за членовите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија е што заедно со нас покрај многуте слободоумни граѓани, член на движењето е и правнуката на Војводата Гоце Делчев, г-ѓа Корнелија Дуганова Јованова, додаде Димитриевски пред членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во Гевгелија.

Сектор за односи со јавност

Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер