Состојки:

2 јајца

125гр маргарин

250мл млеко

3 лажици шеќер

1 коцка квасец

кора од лимон

брашно (по потреба)

Подготовка:

Во млако млеко додадете квасец и малку шеќер заедно со брашното и почекајте да стаса тестото.

Се матат јајцата, шеќерот, стасаниот квасец, млекото, маргаринот и кората од лимон. Се додава брашното и се замесува меко тесто. Се остава да стаса. Се сука кора со дебелина од 1см и се сечат кругови (со филџан или калап за колачи можете да ги исечете). Крофните ставете ги на набрашнет плех и оставете ги уште 15минути така. Се пржат во врело масло и се посипуваат со шеќер во прав или со чоколаден прелив. Украсете по желба.

Пријатно јадење!


Администратор
28/04/2024 05:45