ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
Составена е листа на земји според индексот на човековиот развој, а Македонија лошо котира, односно е во друштво на Албанија, БиХ, Бугарија, Украина.
Индексот на човековиот развој (HDI) е статистички композитен индекс на очекуваниот животен век, образованието и индикаторите за приход по глава на жител, кој се користи за рангирање на земјите во четири нивоа на човековиот развој. Една земја постигнува повисоко ниво кога животниот век е повисок, нивото на образование е повисоко и бруто националниот доход по глава на жител е повисок. Германија и скандинавските земји високо котираат на листата.