Активистите на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ јавно ги повикува пратениците заеднички да постапат во интерес на хуманоста и колективното добро, да кренат рака за да се усвојат предлог измените и дополнувањата на Законот за заштита и безбедност на животните кој се носи по скратена постапка, а кој денеска е ставен на прво читање во Собранието. Овој документ прецизно го дефинира и таргетира одговорното сопствеништво и репродукцијата на животните миленици, продажната дејност – трговијата, подарувањето на животни, ја препознава и санкционира суровоста врз животните која неминовно води кон општествена девијација.

Документот чија основа се барањата на доминантното мнозинство хумани граѓани во земјава, барањата на активистите и здруженијата за заштита на животни, е работен и унапреден во соработка со бројни стручни и засегнати чинители и пресликува најуспешни меѓународни практики.

-Поддржете ги измените и дополнувањата кои стојат пред вас, затоа што клучни како системско решение на деценискиот проблем со кој се соочуваме со прекубројноста на бездомните животни, порачуваат од „Анима Мунди“.

нагласуваат дека пратениците имаат можност заеднички да постапат одговорно и хумано, за утре на улица да нема повторно бездомни животни,

- Овој предлог законски текст кој е пред вас поднесен од пратеничката и кординаторка на Интерпартиска парламентарна група за животна средина, Моника Зајкова е резултат на наша темелна анализа на проблемите со кои се соочуваме, а кои се рефлектираат како прекубројност на бездомни животни, намалена здравствена заштита и безбедност на населението и животните, загуба на финансиски ресурси, потенцираат од „Анима Мунди“.

Додаваат дека досегашното непостоење на усогласена законска рамка која ќе ги третира и опфати сите горенаведени ризици и предизвици придонесе да проблемот се провлекува со децени и имплицира сериозни финансиски загуби. Доколку целиме да го третираме овој проблем, со намера да постигнеме трајни и одржливи резултати за граѓаните и животните, од клучно значење е спроведување на структуиран и комплексен систем кој опфаќа услуги од законодавен, образовен, правен и здравствен аспект, примена на унифицирана национална програма во сите ЕЛС во државата и третирање на сите точки на ризик.

-Интересот кој го браниме е надпартиски и ја дефинира нашата срж, како луѓе.Имате можност да го поддржите во интерес на нашата држава, народ и животните, општиот интерес; во интерес на вашата партија, граѓаните кои вас ве поддржуваат и гласаат.Иако рокот е краток, Сакаме да веруваме дека никогаш не е доцна - заеднички да се потрудиме да не биде предоцна, порачуваат од „Анима Мунди“.


Администратор
28/03/2024 18:55