logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: АЈКУЛА нападна жена во познатото египетско одморалиште

Vecer | 02.07.2022

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: АЈКУЛА нападна жена во познатото египетско одморалиште

68-годишната Елизабет Сквајер од Австрија била нападната од ајкула на познатото египетско летувалиште Хургада, пишува „Дејли мејл“. Жената синоќа била префрлена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, починала.

Жената била мажена за Еѓипќанец и живеела во Хургада, а целиот инцидент се случил во близина на познат хотелски комплекс.

Според пишувањата на „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена на три дена затоа што инцидентот се случил додека на плажата имало голем број посетители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk