Airbnb нуди уникатна можност за Халовин. Оваа година, американската компанија овозможува престојување во мочуриштето на Шрек, кое се наоѓа во Шкотска.
Пријавувањето за престој во домот во дрвото на зелениот огар започнува на 13 октомври и е без паричен надоместок. Во него има место за спиење за тројца, а тоалетот и бањата се наоѓаат на оддалеченост од 20 метри.
Бегство од реалноста во планинската природа... Кога би ви се пружила можност, би го посетиле ли ова место и вие?









