Свет

Германија: Работниците добиваат бонус поради инфлацијата

15 мар 2024

Повеќе од три четвртини или 77,9 отсто од работниците во Германија добиле еднократен бонус поради инфлацијата од ноември 2022 година или ќе го добијат до крајот на годината, соопшти Сојузниот завод за статистика.

Како што пренесува „дпа“, овие уплати се без даноци и придонеси.

Просечната сума е 2.761 евро, но разликите меѓу бонусите на работниците во зависност од секторот во кој работат се значителни, пишува магазинот „Феникс“.

Најмалку бенефиции добиле градежниците, во просек 1.104 евра, а вработените во земјоделството, шумарството и рибарството 1.689 евра.

Најдобро поминале вработените во јавната администрација со просечни 3.000 евра, а професорите и студентите со едно евро помалку. Нешто помали бонуси добија уметници, вработените во дејноста забава и рекреација, водовод, собирање и складирање отпад, додека најмногу корист од бонусот имаат работниците во индустријата, водоводот, канализацијата и отпадот.

Извор: „Бриф“

Фото:Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...