Се наоѓа на крајот на континентот, има повеќе галеби отколку луѓе: Ова место го носи најкраткото име на светот

Точка

08/04/2024

16:11

9.616

Големина на фонт

а а а

Å е мало рибарско село кое е сместено на крајот на архипелагот Лофотен, кој го означува крајот на автопатот Е10.

Некогаш главен двигател на економијата било рибарството, но денес тоа е туризмот, поради зголемениот број на луѓе кои го посетуваат овој дел од Норвешка.

Å е населба во Норвешка со најкратко име во светот. Ова рибарско село се наоѓа на самиот крај на еден пат, земја, континент, по што започнува Атлантскиот Океан. Во ова место се претпоставува дека има повеќе галеби отколку луѓе. Овие птици се одомаќиниле, па речиси насекаде изградиле гнезда - на покривите, прозорците и други погодни места.

Å изворно се развил од мала фарма во важно рибарско место. Локалните жители, како и во многу рибарски села во областа, се специјализирале за индустриски риболов за масовна употреба. Но, така било сè до пред 30 години, кога целиот овој регион стана популарна туристичка дестинација. Денес на риболов се оди рекреативно или со туристи.

Природата била наклонета кон овој дел од светот, што може да се види на секој чекор. Целиот овој крај е исполнет со интересни знаменитости и видиковци од кои можете да уживате во погледот на белите и црвените куќи во позадина или погледот на морето и околните планини.

Исто така, тука постојат два музеи – „Lotofen Stockfish Museum“, посветен на производството на риба и „Norsk Fiskeværsmuseum“, музеј посветен на локалното наследство.

До Å може да се стигне со авион, траект или автомобил. Поради Голфската струја, климата е блага, и покрај положбата, бидејќи се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Од средината на мај до средината на јули можете да го доживеете полноќното сонце, а од почетокот на мај ноќите се речиси целосно светли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг