ВИДЕО | Падна уште еден Гинисов рекорд:  353 балерини танцуваа на прсти цела минута

Фото: Screenshot / Prva TV

Стотици млади балерини облечени во „пачка“ истовремено танцувале на прсти, држејќи ја исцрпувачката поза повеќе од една минута, за да постават нов светски рекорд во хотелот „Плаза“ на Менхетен во средата.

Вкупно 353 танчарки од целиот свет ја зазедоа позицијата позната како „en pointe“ за да го соборат актуелниот Гинисов рекорд од 306 балерини.

Меѓу танчарките имало девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчарки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлале од едната нога на другата и обратно – на прсти и со поголема брзина. Чекорот наречен „буре“ (bourree) на француски, а тоа го правеле цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот:

„Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот