Мик Волас: Ни требаат луѓе како Билјана Ванковска кои ќе работат за мир и ќе се спротивстават на милитаризацијата!

  • Познатиот европратеник од Ирска, Мик Волас е еден од ретките кој во неговите говори во Европскиот парламент ја посочува потребата од дијалог со источните земји, како и лицемерието на надворешната политика на ЕУ.

Следи неговата поддршка за професорката Билјана Ванковска за Претседател на Република #Македонија:

– „Јас сум Мик Волас, Пратеник во Европскиот Парламент од Ирска.

Слушнав дека Билјана Ванковска се кандидира за претседателка на Македонија.

Сметам дека тоа се одлични вести, ни требаат повеќе луѓе во политиката кои навистина се грижат за луѓето и не се врзуваат за корпорациии крупниот капитал. Ни требаат луѓе кои работат за #мир.

Ни требаат луѓе кои работат и ќе се спротивстават на милитаризацијата на Европа.

Затоа сметам дека ова е одлична можност и одличен избор за луѓето во #Македонија да ја добијат можноста да изберат некој ваков, отколку секојдневните политичари кои служат на интересите на елитите!

Нека и е со среќа!“

– Мик Волас инаку беше гостин на Пленумот на #Левица во Скопје, минатата година, каде оддржа и свој говор, нарекувајќи ја најкредибилната и наимпресивна лево ориентирана партија во Европа!

Тој и цитираше текст од песната „Народе македонски“ со кој се заблагодари за поканата на Пленумот на Левица и додаде дека искуството да биде во Македонија за него било неверојатно доживување.

Целото обраќање може да го видите на следниот линк: https://www.facebook.com/PartijaLevica/videos/733899855625697