По една година од настанот кривична пријава за пироманот кој го запали мостот „Беласица“

Потпалувачот на огнот кој ги остави со месеци скопјани без еден од најважните мостови во градот, „Беласица“ е конечно пронајден и лоциран. Се наоѓа во затвор за друго кривично дело, а сега доби кривична и за ова.

37годишен скопјанец, е осомничен за пожарот под мостот Беласица кој се случи пред една година. Според поднесената пријава од МВР до Основното јавно обвинителство, извршено е кривично дело "Тешки дела против општата сигурност", во врска со кривично дело "Предизвикување општа опасност". 

ДНК форензиката на подигнатите траги од лице место-отпушоци од цигари и запалка, како и разговори со повеќе лица, истрагата ја доведле до И. Х. ОД СКОПЈЕ.

- На ден 11.05.2023 година на ул. Беласица во Скопје, поточно под мост "Беласица“, предизвикан е пожар на "просторија за компензација на тополовод" на истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ - снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот. - велат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот И.Х. од септември, минатата година, се наоѓа на издржување затворска казна во Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“.  Претходно Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, со професорот Михаил Гаревски извршија пробно товарење дали мостот може да се пушти во употреба и за тешки товарни возила. Пред една недела, пак беа пуштени сите четири ленТи на мостот.

Мостот на улица „Беласица“ кој води од ТЦ Ист гејт кон Железничката станица беше целосно затворен, а метежот се префрли на останатите мостови. Мостот е пуштен во употреба во 2005 година, а пожарот се случи на 12 мај минатата година.