04 Мај, 2024
0.0275

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Се обрати претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, одржа победнички говор. Рече дека уште не е свесна што се случува, а бројките и значат многу.

Се запраша дали е можно толку многу луѓе вака да реагираат.

Горда сум на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, горда сум на мојот тим. Горда сум и на учесниците во изборната трка. Не го пречекоривме лимитот на пристојноста. Горда сум на коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, каде бев јас, таму вбеа и тие, се создаде синергија. 

Посебно сум горда на жените во Македонија, време е на идентификација на жена со жена, без оглед на партија и припадност.

Жените беа моја инспирација. Среќавам жени и од други партии, кои велат вдека нашето време доаѓа. Имаме знаење, ум, креација и редно време е ова општество тоа да го искористи.

Јасно ми е дека овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, немам зборови за благодарноста, не мислам дека сум посебна, но тоа што ќе го ветам, ќе го остварам на мој начин. Ве уверувам.

Со оној со кој ќе се наѕтпреварувам ќе се однесувам со должна почит. Нема да фрлиме сенка. 

Да ги инспирираме граѓаните да веруваат во гласање.

Претседателка на држава мора да биде натпартиска личност.

Постојано повикува на потребата од владеење на правото, а уште повеќе на потребата од единство во оваа држава.

Запомнете, јас ќе соработувам со партијата што ме предложи, со премиерот, министрите, но и со опозицијата, невладиниот сектор, со медиумите, мора да имаме средби со новинарите, тие се огледалото на демократското здравје на граѓаните, не поради мојата политичка кариера, туку поради граѓаните, Македонија мора да биде, за да биде горда, слична на останатите демократсски држави, да биде посакувано и пристојно место за политички и било каков натпревар. 

Македонија, да биде не само моја, туку и твоја, и на сите нас. Да не се откажуваме од човечките ресурси и да не му ги подаруваме на Запад.

Мора во регионот да си помагаме наместо да си одмагаме. Ако немаме заеднички пристап во битката за европски интеграции, да не очекуваме поддршка од надвор. 

Ова е почеток на едно ново време. Да се однесуваме на пристоен и европски начин. Да не се срамине од Балканот.

Има во нас многу можности. Треба да станеме дел од Европската Унија, рече Давкова.

Следуваше скандирање од поддржувачите.

Можеби ќе ве интересира

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен