Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да
споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети
со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот
кој ни претстои, напиша Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката за претседател
на државата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во пријатна атмосфера, денес, во неговиот роден град
Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов“, стои во објавата на
Инстаграм профилот на Сиљановска Давкова.