09 Април, 2025
0.0295

ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - тројца членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 11:36

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена беа против. Претседтелката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска,  рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.

Советот на јавни обвинители претходно ја исклучи јавноста од точката за разгледување на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Членовите на Советот едногласно го поддржаа предлогот на членот Зорица Павловиќ, која повикувајќи се на член 10 од Законот за совет на јавни обвинители побара да се исклучи јавноста поради, како што кажа, сензитивноста на процесот и за заштита на угледот и интегритетот на јавниот обвинител.

Светлана Стојковиќ, го поддржа предлогот, дополнувајќи дека јавноста треба да биде исклучена и поради тоа што во произнесувањето од Коцевски по предлогот за негово разрешување, се изнесени и информации и докази од дисциплинските постапки што се води против двајца јавни обвинители. Расправата, како што нагласија, ќе биде затворена, а јавноста ќе биде вклучена само за гласањето по мислењето за предлогот на Владата за разрешување на Коцевски.

Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката. Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март годинава, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието.

- Да појаснам дека Владата доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собранието, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува - изјави Митева. 

Премиерот Христијан Мицкоски по трагедијата во Кочани изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

- Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај - рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.

Можеби ќе ве интересира

„АКО СЕ РАСПАДНЕ ВРЕДИ МОЖЕ ДА ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДУИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ВЛАСТА“ - предупредување од професорот Самоил Малчевски

„АКО СЕ РАСПАДНЕ ВРЕДИ МОЖЕ ДА ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДУИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ВЛАСТА“ - предупредување од професорот Самоил Малчевски

САША БОГДАНОВИЌ ОДИ ЗА МЕЛБУРН, ОБЈАВИ И ЕМОТИВНИ СТИХОВИ - која е причината

САША БОГДАНОВИЌ ОДИ ЗА МЕЛБУРН, ОБЈАВИ И ЕМОТИВНИ СТИХОВИ - која е причината

ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ПОТВРДИ: Приведен е директор на здравствена установа, кога се уште владее национална тага, поединци сакаат да профитираат

ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ПОТВРДИ: Приведен е директор на здравствена установа, кога се уште владее национална тага, поединци сакаат да профитираат

„ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК КОЈ ВО 2023 ГОДИНА АЛАРМИРАЛ ДЕКА ДИСКОТЕКАТА НЕ Е БЕЗБЕДНА, СЕГА Е ВО ПРИТВОР“ - Гоце Делчев Тодев со свои сознанија за несреќата

„ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК КОЈ ВО 2023 ГОДИНА АЛАРМИРАЛ ДЕКА ДИСКОТЕКАТА НЕ Е БЕЗБЕДНА, СЕГА Е ВО ПРИТВОР“ - Гоце Делчев Тодев со свои сознанија за несреќата

„ЌЕ ОДАМ САМ, НЕКАДЕ ЌЕ СОРАБОТУВАМ СО ДУИ, НЕКАДЕ СО ВЛЕН, ТОА НЕ ПОСТОИ НИ ВО ТЕОРЕИЈА, НИ ВО ПРАКСА“ - Меџити го повика Таравари да се изјасни

„ЌЕ ОДАМ САМ, НЕКАДЕ ЌЕ СОРАБОТУВАМ СО ДУИ, НЕКАДЕ СО ВЛЕН, ТОА НЕ ПОСТОИ НИ ВО ТЕОРЕИЈА, НИ ВО ПРАКСА“ - Меџити го повика Таравари да се изјасни

ДВЕ ЛАМИ УГИНАЛЕ ВИКЕНДОВ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА: Едната била болна од туберколоза

ДВЕ ЛАМИ УГИНАЛЕ ВИКЕНДОВ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА: Едната била болна од туберколоза

„ИДЕЈАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ВО ЕДНА ПАРТИЈА ПОСТОИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОАЛИЦИЈАТА“: Меџити контра Таравари

„ИДЕЈАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ВО ЕДНА ПАРТИЈА ПОСТОИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОАЛИЦИЈАТА“: Меџити контра Таравари

„ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТИМЧО“: Жерновски вели никој не сака да му дојде на гости

„ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ТИМЧО“: Жерновски вели никој не сака да му дојде на гости

СДСМ ја повика власта да не ги гони револтираните од Кочани

СДСМ ја повика власта да не ги гони револтираните од Кочани