Седми претседателски избори - вкупно 1.814.317 гласачи со право на глас, гласаат на 3.480 избирачки места

Седми претседателски избори. Денеска граѓаните бираат лидер на државата-кој ќе ги води следните пет години. Изборната трка ја трчаат седум кандидати. За влез во втор круг потребно е кандидатот да освои гласови, повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Денеска, на првиот круг од претседателските избори до 13часот, правото на глас го искористиле 24, 92 отсто од граѓаните. 

Анкетираните граѓани од скопските општини очекуваат идниот претседател да има слух за нивните барања. 

 

Дали постои оптимизам кај граѓаните, со свои коментари излегоа и граѓаните од Велес, Неготино, Прилеп, Тетово, Штип, Кочани.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, правото на глас го оствариле 6 отсто повеќе граѓани во споредба со изборите во 2019. До одржувањето на прес конференцијата во ДИК во 13.30часот биле доставени 140 приговори за заштита на избирачко право. Од нив 16 приговори се усвоени и на избирачите им се овозможило да го остварат правото на глас. Осум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

 

„Имаме број на избирачки места од кои пристигнале податоци, 1720. Процент на избирачки места од кои пристигнале податоци, 49,03%. Вкупен број на запишани избирачи  во избирачките места од кои пристигнале податоци, 872 090. Вкупен број на избирачи кои гласале во избирачките места од кои пристигнале податоци, 229 803. Процентот на избирачи кои гласале во избирачките места, од кои пристигнале податоци  е 26,35%, тоа е десетина отсто повеќе од минатите избори. Според податоците на излезност  кои се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци, 42,87%, а нјмала во Врапчиште  10,18%“, рече Александар Даштевски-претседател на Државна изборна комисија на прес конференцијата од 13.30 часот.

На оние граѓани кои се' уште не го оствариле своето право на глас, им останува нешто помалку од два часа.