Влада: Утврден е текст на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Владата го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми.

Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршка на националните весници кои имаат сериозни проблеми со големите трошоци за печатење и дистрибуција, како последица на високата цена на хартијата и на зголемувањето на цените на горивата, а имајќи предвид дека медиумите имаат голема улога во развојот на демократските капацитети на државата, унапредувањето на економијата, развојот на етичките норми и стандарди на новинарството, придонесот кон отворање дебати за прашања од јавен интерес.

Со измените и дополнувањата, како што е образложено од предлагачот, Министерството за информатичко општество и адиминистрација, се уредуваат: еднократна финансиска помош што печатените медиуми би ја добивале од страна на Владата; начинот на објавување на јавниот повик до печатените медиуми, како и процентуалниот износ којшто Владата ќе го покрие во делот на трошоците за печатење и дистрибуција на весниците; правото на учество и условите коишто треба печатениот медиум да ги исполнува; а се предвидува и основање Комисија којашто е надлежна да одлучува по однос на поднесените барања.

Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми. Но, со денеска утврдениот текст на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, ова прашање се предлага да се уреди преку системско решение, како дел од Законот за медиуми. Предлог текстот се испраќа на усвојување во Собранието.

Владата на денешната седница донесе и одлука да огласи како ништовни - одлуки, коишто, според информацијата од дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, се донесени еднострано, односно само од министерот за труд и социјална политика.

Станува збор за поништување на решение за разрешување директор на ЈУ Центар за социјална работа – Кочани и за именување нов в.д. директор на оваа установа, на што Владата има право, како второстепен орган, согласно Законот за општа и управна постапка.

Согласно Законот за Влада, дополнителниот заменик на министерот за труд и социјална политика, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи. А, ако актот или документот е одобрен, т.е. потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана, за донесување Одлука за формирање Управен комитет за спроведување на поддршката на Македонија како земја домаќин и донесе ваква Одлука.

Македонија, како што е посочено во Информацијата од ресорното министерство, почитувајќи ги обврските од членството во НАТО, потребно е да воспостави национален систем за Поддршка од земја домаќин, што подразбира создавање услови за непречен престој, изведување на операции или транзит на сојузничките сили низ територијата на Македонија.

Правилното функционирање на системот за ПЗД е од клучно значење за одбраната на земјата и кредибилитетот на државата како сојузник и партнер.

За почеток е идентификувана потребата од донесување на Упатство за поддршка од земја домаќин, со што ќе се воспостави систем на активности во поддршка на НАТО и партнерите на територијата на Македонија.

Според Упатството, НАТО/ЕУ силите ја користат ПЗД како извор на снабдување со стоки и услуги, коишто земјата домаќин ги обезбедува врз основа на националното законодавство, националните приоритети и актуелните можности.

За сето ова да се реализира, потребно е формирање Управен комитет за спроведување на поддршката на Македонија како земја домаќин.

Владата ја разгледа и усвои и Информација од Министерството за одбрана за потребата од доделување на договор влада со влада, за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, со склучување на договор помеѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави. Притоа е утврден усогласен текст на амандман кон Писмото за понуда и прифаќање (Amendment 1 to Letter of Offer and Acceptance ) MK-B-UCF JAVELIN - JLTV, помеѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

Со денешната владина одлука е продолжена веќе започната постапка за набавка на преносливи системи за противоклопна борба, наменети за пешадијата од составот на лесната пешадиска баталјонска група. А, одлуката е во насока на определбата за Министерството за одбрана за модернизација и опремување на Армијата на Македонија за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО и во тие рамки опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника, односно лесни оклопни возила на тркала, што како проект е предвидено да се реализира во периодот од 2019 - 2027 година, соопштуваат од Владата.

Канал 5 во манастриот Богородица Елеуса познат по крстот на бесконечноста

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. 

Што е бесконечноста во нашата религија?

Воскресението и Христос

Христовото воскресение е суштината на христијанството, без него верата ќе беше празна, раскажува отец Стоил Димитриев во вековниот манастир Пресевета Богородица Елеуса или Милостлива во струмичко Вељуса раскажуваше за воскресението и за неговата верба во него.

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. Изграден во 11 век во времето на визнатиската империја бил омилен на тогашниот Алексиј Комин го ослободил од плаќање на данок. Неговиот симбол е познатиот вељушки крст или крстот на бесконечноста што е вграден со тули во самиот манастир.

На влезот од манастирот ве пречекуваат оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот, кои и покрај многуте несреќи и пожари сведочат спокојно дека тие се уште се во манастирот цели 1000 години. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години. Отец Димитриев раскажува дека во денешното брзо време луѓето матријално имаат се, ама духовната храна ја немаат за неа се гладни. Пред нив но не ја гледаат. Денешницата бара инстант решенија, во црквата нема брзи решенија.

Во манастирот има монахињи, тие во секоја нивна активност ја кажуваат исусовата молитва затоа тука се е убаво и спокојно, раскажува отецот. Тие во нивната продавница имаат чаеви, сапуни. А секој посетител за вековната убавина на вељушкиот манастир монахињите со благослов ќе раскаже за симболите на манастирот и религијата.

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

По четири години во бегство кондовецот Агим Красниќи е упасен во Косово кој се бараше со меѓународна потерница.

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапесни се четири лица, македонски државјани. Според информациите се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

Потврда добило и македонското министерство за внатрешни од Интерпол, потврдуваат за Канал 5.

Косовоската полиција соопшти дека тројца од нив се бараат за тепачка и пукање што се случило лани во Урошевац.

-Четири лица се спроведени во полициска станица, поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија,--Полиција на Косово.

Агим Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. По скоро 13 години поминати зад решетки, Красниќи избега по слободен викенд од штипскиот затвор каде ја извршуваше казната во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

Активна е и меѓународната потерница за Бесим Красниќи кој се бара за дела како кражба, разбојништво, предизвикување општа опасност, тероризам, насилство. И во потерницата за Фадил Точи се наведени тероризам, насилство, тргување со оружје и други дела. На сите им е определен 48 часовен притвор со цел спороведување на истрага. За екстрадиција на Агим Красниќи е рано да се одлучува со оглед на тоа што првин треба да одговараат за делата кои таму ги сториле, а потоа македонското министерство за правда да ја започне постапката.

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес, тврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

Од денот на распишувањето на претседателските и парламетнарните избори, Антикорупциска оформила вкупно 45 предмети за кои имаат сомневања дека се поврзани со коруптивни дејанија, а од државните институции добиле околу 400 барања за мислење што смеат, а што не смеат да прават за време на кампањата по што исто така се изготвени предмети, информираше Димитровска, во интервју за Радио Слободна Европа.

„ Офоремни се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети. “Татјана Димитровска – ДКСК.

Димитровска вели дека Антикорупциската комисија исто така ќе покрене иницијатива за утврдување на одговорност кај инситуциите во врска со постапката за прием на нови 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, откако Вишиот управен суд одлучи да ја одбие жалбата на Академијата со што постапката за полагање на испити и засновање на работен однос беше ставен во мирување се до завршувањето на изборите.

-Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.- Татјана Димитровска – ДКСК.

ДКСК по сопствена иницијатива во изминатиот период оформи два предмети. Едниот се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана, а вториот предмет за набавка на медицинските возила во Министерството од здравство.

притисни ентер