ВИДЕО: Одличен натпревар на „Енфилд“ и победа на Ливерпул против Тотенхем

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Ливерпул денеска славеа против Тотенхем во дербито од 36 коло во Премиер лигата со резултат 4:2 (2:0).

Тимот на Јирген Клоп поведе во 16 минута со голот на Мохамед Салах. Тоа беше прв гол за Египќанецот по 31 март, ако не ги сметаме двата пенали што ги постигна против Манчестер јунајтед и Аталанта.

На 2:0 зголеми Енди Роберстон во самиот финиш на првото полувреме. По продорот тој се обиде да проигра покрај Салах, чиј удар го запре противничкиот голман Викарио, но топката се врати кај репрезентативецот на Шкотска, кој лесно ја смести во мрежата.

Третиот гол го постигна Коди Гакпо во 50 минута, а во 59 следуваше еврогол на Харви Елиот, со што го запечати триумфот на „црвените“ во претпоследниот натпревар на Клоп на „Енфилд“.

Тотенхем за момент ги врати надежите на овој меч со погодоците на Ришарлисон во 72 и Сон Хјунгмин во 77 минута.

Сепак, победата на домаќините не беше доведена во прашање, а Ливерпул дојде до три бода и ги задржа математичките шанси за титулата. Од друга страна, Тотенхем е петти со 60, но на три натпревари до крајот, Лигата на шампионите сè уште е на дофат.

ВИДЕО: Челси пукна „петарда“ во лондонското дерби, Жоао Педро му донесе триумф на Брајтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот