Аналитичарите со постизборни калкулации за изгледот и составот на новата влада

Ќе бидат ли уставните измени главниот услов за формирање на идната влада но и какви се сценарија се можни по изборите. Можно ли е земјата да влезе во нова политичка криза и постојано организирање на избори со оглед на условувањата кои доаѓаат од партиите од албанскиот политички блок но и нивните барања шефот на државата да се бира во законодавниот дом . Го става ли ова под прашање и вториот круг на претседателските избори доколку албанските гласачи во земјата не бидат мотивирани да излезат ако нема  кандидат етнички албанец .  Сепак дел од аналитичарите и познавачите на овие прашања сметаат дека предизборната и изборната реторика е многу поразлична од онаа пост изборно и дека повеќе фактори ќе бидат одлучувачки околу изборот на претседател но и формирањето на идниот парламентарен состав 

Сепак дел од аналитичарите не ја исклучуваат можноста и за повеќе сценанарија и тоа од формирање на влада заснована врз база на програми и слична идеологија па се до техничка или поширока влада која сериозно ќе треба да биде фокусирана на евроинтегративните процеси и измените во уставот . Анализирајќи ја актуелната политичка ситуација аналитичарот Исен Салиу вели дека лидерите на партиите од албанскиот политички блок веројатно оцениле дека сега е време за овие нови барања и услови . 

За да успее вториот круг на претседателските избори  потребно е излезноста да биде барем 40 %. Тоа значи дека за да се даде легитимитет за изборниот процес   потребно е да излезат на гласање 725 727 гласачи а избирачкиот список брои 1 814 317 .Ако не биде избран претседател на државата, целата изборна постапка се повторува сѐ додека не се избере претседател.