ВАНКОВСКА: ПОЛИЦИЈА ТРЕНИРА СТРОГОЌУ
Од набиената агенда не стасувам секогаш се' да проследам или изреагирам. Но, утрово најдов малку повеќе време да ги видам снимките и да прочитам за случувањата околу новинарот Фуркан Салиу.
 
 
Што да кажам на сцени какви што не сум видела ни кога многу опасни и корумпирани луѓе требале да бидат апсени (а не биле)? Накусо, првата мисла ми беше „полиција тренира строгоќу“! Според една стара популарна песна од екс-ЈУ! Ова беше показна вежба и дисциплинирање на сите (новинари и други) кои ќе се осмелат да обелоденат или индицираат криминал поврзан со центрите на моќ.
 
 
Да, новинарите не се и не смеат да бидат над законот, ама пак полицијата не смее да ги надминува овластувањата ниту да служи на партиски интереси. Премногу е „случајно“ до ваков инцидент да дојде откако Фуркан почна да задира во некои незгодни нешта поврзани со изборната кампања.
 
 
 


Share

Додади коментар