29 Април, 2024
0.1190

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Објавено во: Економија 29 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Британците купиле одлична количина на текстилни производи и за нив искеширале солидни пари, но тие не му помогнаа на струмичкото претпријатие „Единство“ да работи профитабилно. Напротив, оваа текстилна компанија во својот Биланс на успех пријави огромна загуба од 1,42 милиони евра.

Од образложението кое го дадоа до инвеститорската јавност може да се види дека фирмата продала земјиште и објекти кои ги поседувала, а разликата меѓу нивната продажна и сегашна вредност довела до огромната загуба.

„Во текот на истиот период, компанијата ги има продадено во целост земјиштето и градежните објекти кои го поседуваше. Поради разликата која се јавува меѓу продажната и сегашната вредност од продажбата, компанијата има искажано загуба од продажба на недвижен имот, во износ од 84.713 илјади денари“, се вели во образложението.

Но, да одиме со ред, во поглед на ставките на Билансот на успех.

Оперативните приходи кои ги остварило „Единство“ се одлични и тие изнесуваат близу еден милион, или прецизно 955 илјади евра. Во однос на претходната година се зголемени, и тоа за 18 проценти. Од нив најголем дел отпаѓаат на приходи од продажба, и тоа 906 илјади евра, што, пак, е раст за 21 процент. И, она што го говори самиот извештај, е дека речиси целите приходи од продажба, или 895 илјади евра, се остварени на странскиот пазар. Во однос на една година претходно тоа е фасцинантно зголемување за 43 проценти.

„Во најголем дел, приходите претпријатието ги оствари од производство на текстилна облека за странскиот пазар. Најголем купувач е ‘Кашкет Партнерс’ од Обединетото Кралство“, се вели во образложението од компанијата.

На веб страницата, пак, на „Kashket & Partners of London“, стои дека се водечки специјалисти за дизајн, развој и производство на висококвалитетни униформи за свечени и парадни облеки. 

„Нашиот посветен тим од повеќе од 40 нарачани кројачи и вешти занаетчии го развиле својот занает во текот на стотици години и се вешти во одржувањето на нашите најсовремени униформни производствени способности“, се вели на нивната веб страница.

„Ние сме горди што можеме да кажеме дека сме дел од секоја парада – изработувајќи униформи кои се веднаш препознатливи на меѓународно ниво како симболи на Лондон и Велика Британија, од црвените туники на чуварите пред Бакингемската палата до униформата за облекување и соблекување на Јеомен Вордерс – “ The Beefeaters“ – на Лондонската кула“, нагласиле од компанијата „Kashket & Partners of London“ 

Додека, пак, на домашниот пазар „Единство“ не продале речиси ништо, или смешна сума од околу 10 илјади евра. Во 2022 година не било така, туку сепак имало каква таква продажба која изнесувала 125 илјади евра, па затоа намалувањето во 2023 е за цели 92 проценти. Но, директорите на „Единство“ најавуваат сопствена модна програма и во иднина многу поголемо учество на домашниот пазар.

„Важен сегмент во деловната политика во изминатиот период беше задржување на бизнисот со постојаните деловни партнери од странство и задоволување на нивните барања. Како идни проекти кои компанијата ги има зацртано се обнова на машинскиот погон и компјутеризација на истиот, создавање сопствена модна програма со која компанијата ќе учествува на домашниот пазар во поголема мера“, се вели во текстот напишан од директорите.

И, се нагласува дека за подобрување на машинскиот парк, во текот на извештајниот период, компанијата има направено инвестиции, односно купено машини за шиење во износ од околу 22 илјади евра.

На расходната страна, пак, оперативните расходи се зголемени за три пати, или за 202 проценти, достигнувајќи дури 2,26 милиони евра. И притоа, огромен пораст има кај останатите расходи од работењето, кои се искачиле на дури 1,4 милиони евра, откако претходната година, пак, биле речиси непостоечки. За плати пак фирмата потрошила 552 илјади евра, што е раст за 20 отсто во поднос на една година претходно.

Сето тоа довело до оперативна загуба од 1,42 милиони евра, а со оглед што се ниски финансиските приходи и расходи, конечната загуба е речиси идентична.  

Во тековната година, вкупните кредитни задолжувања изнесуваат 59 илјади евра, додека овој износ минатата година бил околу 24 илјади евра.

Инаку, во јануари годинава, имаше акционерско собрание на „Единство“, на кое се донела одлука за преобразба од акционерско друштво - во друштво со ограничена одговорност. Но, тоа очигледно се уште не е реализирано, бидејќи според состојбата од ЦДХВ, „Единство“ од Струмица уште е АД, со вкупно 61 акционер, а еден од нив, Сашко Кузмановски, е доминантен, и го поседува најголемиот пакет акции од 80,86 проценти. Останатите 60 акционери, пак, располагаат со 40.397 акции, што претставува 19,14 отсто од вкупниот акционерски пакет акции на компанијата.

Претходно Кузмановски даде понуда за преземање на компанијата, и така стана доминантен акционер.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка