Apple испрати важно предупредување до корисниците

Сопствениците на iPhone во 92 земји добија итни безбедносни предупредувања оваа недела.

Apple ги предупреди своите корисници дека може да бидат цел на шпионски софтвер.

„Овој напад најверојатно ќе цели на вас поради тоа кој сте или што правите“, се вели во предупредувањето.

Во споредба со сајбер криминалот или потрошувачки малициозен софтвер, ваквите платенички напади се издвојуваат по нивната реткост и сложеност. Имено, овие напади фокусираат мал број луѓе и можат да чинат милиони долари.

„Ако вашиот уред е компромитиран од насочен напад, напаѓачот би можел далечински да пристапи до вашите чувствителни податоци, комуникации, па дури и до вашата камера и микрофон“, се вели во предупредувањето испратено до корисниците на Apple.

URL

На страницата за помош објавена во средата, компанијата понуди совети што да направите ако добиете известување за закана. Од компанијата велат дека треба да се ангажира стручна помош и им предлага на корисниците да контактираат со телефонската линија за дигитална безбедност 24 часа на ден.

Компанијата го спомена и Pegasus, софистициран шпионски софтвер развиен од израелската група NSO, кога ги информираше луѓето за последниот напад.

Во ноември 2021 година, Apple поднесе тужба против NSO Group, тврдејќи дека е одговорна за надзор и таргетирање на корисниците на Apple со помош на Pegasus. Од 2016 година, сајбер-набљудувачите открија неколку случаи на користење на Pegasus од различни субјекти за следење на новинари, адвокати, политички дисиденти и активисти за човекови права.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе