Медведев: Поради испораката на понапредно американско оружје ќе гори цела Украина
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека испораката на понапредно американско оружје за Украина само ќе предизвика дополнителни напади од Русија и може да ја активира руската нуклеарна доктрина.
-Ќе гори цела Украина, која останува под власта на Киев, рече Медведев во писменото интервју со новинарката Надана Фридрихсон на нејзиниот канал Телеграм.
Запрашан како заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најистакнатите „јастреби“ по руската инвазија врз Украина, дали употребата на оружје со поголем дострел може да ја принуди Русија да преговара со Киев, Медведев кажа дека „резултатот ќе биде токму спротивен“.
-Само моралните изроди, од кои има доволно во Белата куќа и Капитол, можат да го тврдат тоа, додаде тој.
Пентагон вчера соопшти дека новата ракета со двојно поголем дострел од претходните е дел од пакетот американска воена помош за Украина во вредност од 2,175 милијарди долари.
Запрашан што може да се случи доколку Украина го искористи оружјето што го вети Вашингтон за да го нападне Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, или да удри подлабоко во Русија, Медведев рече дека Путин јасно се осврнал на ова прашање.
-Не поставуваме никакви ограничувања и, во зависност од природата на заканите, подготвени сме да ги користиме сите видови оружје. Во согласност со нашите доктринарни документи, вклучувајќи ги и основите на нуклеарното одвраќање, рече тој.
„Ве уверувам дека одговорот ќе биде брз, цврст и убедлив“, додаде тој.
Руската нуклеарна доктрина дозволува нуклеарен напад по „агресија врз Руската Федерација со конвенционално оружје кога е загрозено самото постоење на државата“.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228