Играчка за милијардерите: Дали е тоа брод? Дали е тоа подморница? Не, тоа е концепт на австриската компанија

photo: Migaloo

Во последниве години постои тренд за милијардери – подземни доградби на домовите на богатите и славните, каде што тие можат да се засолнат во големи бункери и да живеат таму.

Сега една австриска компанија сака да ја прошири оваа можност за задоволства за длабоко нуркање во светот на суперјахтите, со изградба на прилагодени приватни подморници кои можат да се спуштат 250 метри под површината на океанот и да останат под вода до четири недели, пренесува „CNN“.

„Migaloo“ ги откри своите амбициозни планови за, како што тврди, „едната и единствена приватна суперјахта во светот“, нудејќи „сè уште непостоечка алтернатива на големите пловни објекти во приватна сопственост“.

Играчки за милијардери

Оваа подморница, наречена М5, би била со должина од 165,8 метри и 23 метри ширина на најшироката точка, со можност да плови и до 15.000 километри и брзина до 20 јазли кога ќе излезе на површина или 12 јазли кога е под вода.

Сепак, компанијата „Migaloo“ вели дека „за посакуваните димензии на хибридот на подморница-јахта, надворешниот стил и внатрешниот дизајн последниот збор ќе го имаат сопствениците“.

Стандардниот дизајн вклучува хелиодром, базен и спа, теретана, кино во уметничка галерија, простор за забава со штанд за диџеи, заедно со многу простори за одмор или вечера.

Изборните додатоци вклучуваат балон со топол воздух и подводна станица за хранење ајкули.

„Приватна потопна тврдина“

Бродот може да остане под вода и до четири недели во континуитет.

„Сопствениците бараат приватност, безбедност и заштита за себе, за своите гости и за нивните скапоцености“, вели извршниот директор Кристијан Гамполд на веб-страницата на „Migaloo“.

Прилагодените безбедносни системи ќе бидат обезбедени од американскиот партнер „SAFE“.

Која е цената на оваа приватна „земја на чудата“ на вода?

Од компанијата за сега не прецизираат цена на проектот, поради сите тие сочни опции за прилагодување, но широко објавената проценка за „Migaloo“ M5 би чинела околу 2 милијарди долари за почеток, но во таа цене не би била вкалкулирана цената за одржување.

Подморница од соништата

photo: Migaloo

М5 користи докажани технологии позајмени од постојните моторни јахти и потопни пловни објекти, како што се конструкција со двојни трупови и трупови со повеќекратен притисок, што помага на безбедносните побарувања.

Сепак сè уште останува отворено прашањето кој има доволно длабок џеб да го купи ова потопен „Бонд-негативец“.

Тоа не е прв обид да се создаде луксузна подморница.

Астон Мартин ги откри плановите за концепт брод од 4 милиони долари во 2017 година.

Ова не е прв пат „Migaloo“ да се најде на насловните страници за да ги објави своите извонредни визии.

На саемот за јахти во Монако во 2015 година, ги покажа плановите за Кокомо Ајланд, неговиот приватен пловечки остров висок 80 метри, со водопад, на кој можете да пловите.

Дали концептниот брод на „Migaloo“ M5 ќе заплови среќно во реалноста или ќе потоне без трага, Тешко е да се каже, но веројатно има малку време да почнете да штедите пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот