Извештај на Стејт департментот за Македонија

Сериозна владина корупција, политички и деловен притисок врз судството, ограничување на слободата на медиумите со насилство врз новинари и ограничени чекори за казнување на службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права. Ова стои во најновиот извештај на Стејт Департментот за Македонија.

- Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата создава широки можности за корупција.

Непотизам, клиентелизам, притисок - вака се опишува состојбата во судството во Македонија. Официјален Вашингтон прави осврт и на минатогодишните случувања во Судскиот совет, а се потенцираат и анкетите кои покажале силна недоверба на јавноста во судството.

- Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото.

Во Извештајот стои и предметот „Онкологија“ , поточно дека персоналот на Државната клиника крадел лекови за рак и ги продавал на црниот пазар.

Инаку Стејт департментот ја нотира состојбата со човековите права во скоро 200 земји и територии во светот. Па така, во Извештајот за Бугарија стои дека властите во Софија одбиваат регистрација на етничко-македонски активистички групи.

- И покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.

Во извештајот за Бугарија, стои, дека судските власти постапувале идентитично како институциите, под образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, имале цел - поделба на нацијата со услови за етнички конфликт.