Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Маврови Анови

Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во 7:30 часот измерени се -2 степени Целзиусови, по што следуваат Маврови Анови и Лазарополе со 0 степени, Крушево со два, Берово и Тетово со четири, Крива Паланка, Претор и Прилеп со пет степени. Шест степени измерени се во Скопје, кај Зајчев Рид, Петровец, Охрид, Битола, Виница, Куманово, Велес, Кавадарци, седум во Струмица, осум во Штип и 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд – 28 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, по што следат Пожаране со 27, Лазарополе со 26, Дебар со 23, Тетово со 16, Охрид со 10, Попова Шапка со 8, Крушево со седум, Претор шест литри на квадратен метар.

Најмалку дожд или еден литар на квадратен метар наврна во Виница, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Прилеп, а помалку од еден во Штип и Струмица.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува седум сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во западните делови проследени со ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот