ВИДЕО+ФОТО: Снежна покривка во делови на Словенија и Хрватска

фото: Фејсбук/Koroška Čveka

Снежна покривка се формирала денеска во одредени делови од Хрватска.  Како што пишуваат медиумите, снег има на Горски Котар. Во Загреб за 24 часа температурите се намалиле за дури 20 степени Целзиусови.

Невреме денеска имаше и во Словенија и Србија. Промена на времето ќе имаме и во Македонија.

Исто така, Агенцијата за животна средина во Словенија издаде портокалово предупредување за југозападниот и централниот дел на државата поради силниот ветер. Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјава поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места како и во Хрватска и за повеќе од 10 целзиусови степени.

Заладувањето од североисток напредува кон западот на земјата. Дува силен североисточен ветер. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, пренесуваваат регионалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот