logo
logo
logo

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Vecer | 24.04.2024

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

-Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми.

Градоначалникот Анохин појасни дека била употребена руската противвоздушна одбрана,  додавајќи дека нападот врз енергетските објекти предизвикал пожари.

Овие информациите првично не можеа да бидат проверени од независен извор.

ДПА пренесува дека напад со дрон бил регистриран и во западниот руски град Липецк. Дронот се урнал во индустриската област и во инцидентот нема жртви, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на регионот.

Русија, која веќе над две години води војна против соседот Украина, се повеќе е на удар на украинските дронови, особено во пограничните области. Меѓутоа, штетите и бројот на жртвите се несразмерно помали во однос на масакрот во Украина, појаснува германската агенција. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk