Снимал видеа во напуштено италијанско село, паднал од балкон – Детали за смртта на грчкиот инфлуенсер Tzane

Заминал да снима видео во една од последните напуштени грчки населби во Италија, но искачувањето во напуштените и небезбедни објекти го чинело живот – Што знаме за прераната смрт на грчкиот инфлуенсер Tzane?

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-01.jpg

Речиси во сите светски и балкански медиуми е објавена веста за трагичната смрт на младиот грчки тиктокер и инлфуенсер Џорџи Џанелиџе (23), кој на социјалните мрежи беше познат како Tzane.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-02.jpg

Со тага и неверување, неговите обожаватели се простуваат од него на профилите на социјалните мрежи, откако беше пренесено дека на 13-ти март тој доживеал несреќа, при што го загубил животот.

Во грчките медиуми, пак, се пренесуваат детали за неговата смрт и за тоа како последното патување во Италија било кобно за него.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-03.jpg

Tzane заедно со уште неколку другари бил во посета на напуштената италијанска населба Рогуди Векио и се верува дека паднал од балкон без ограда.

Според сведоштвата на неговите пријатели, Tzane заедно со своите пријатели сакал да сними видео за социјалните мрежи, но искачувањето на старите и разрушени објекти било кобно за него.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-04.jpg

Селото Рогуди Векио во Калабриа е напуштена населба, која во минатото била дом на една од последните заедници што зборувале на грчки јазик, и се вели дека тоа се „грчки урнатини“ среде Италија.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-05.jpg

Селото се наоѓа во Апенинските Планини сместени на самиот „врв“ на штиклата на Апенинскиот Полуостров.

Таму сѐ уште има населби во кои се зборува т.н. греко или грчки јазик со италијански акцент, претежно во гратчето Рогуди Нуово, кое е формирано од некогашните жители на гратчето Рогуди Векио.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-06.jpg

Рогуди Векио во втората половина од 18-тиот век бил погоден од силен земјотрес, а потоа во повеќе наврати имало лизгања на земјиштето и поплави, заради што во 1971-ва година конечно целото население било раселено.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-09.jpg

Денес е дозволено напуштениот град да се посети и да се „ѕирне“ во градбите за да се види што останало заборавено во времето, но очигледно не е безбедно да се влегува во напуштените објекти или да се истражува од балконите, а доказ за тоа е и прераната смрт на младиот тиктокер.

snimal-videa-vo-napushteno-italijansko-selo-padnal-od-balkon-detali-za-smrtta-na-grchkiot-influenser-cane-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Ана Николиќ тврди дека Раста ја малтретира: „Ми го украде 4-месечното бебе под смртни закани“ „Господин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, човек ко...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg