Годините „пречка“ за остварување на правото на надоместок поради попреченост

Вкупно 23 барања за остварување на правото на надоместок за попреченост биле одбиени во 10 центри за социјална работа во државава поради условот навршени 65 години што го предвидува член 44 став 2 од Законот за социјална заштита.

Народниот правобранител го смета ова законско ограничување за дискриминирачко и бара Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки. Од МТСП велат дека ќе постапат согласно конечната одлука на Уставниот суд, кој уставноста на овој член ќе ја оценува в среда.

Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.

Надоместок заради попреченост, според член 44 став 2 од овој закон, може да оствари лице со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 годишна возраст, а се користи без оглед на старосната возраст на корисникот.

Токму овој став, според Народниот правобранител, е ограничувачки услов за пристап и остварување на правото на надоместок заради попреченост. Оттаму велат дека истиот во себе содржи нееднаквост, односно дискриминирачка одредба кон останатите лица кои го остваруваат ова право.

– Попреченоста е состојба со која што определено лице може да се стекне и после 65 години и не смее закон со кој што се утврдува определено право, да ограничи по возраст. Тоа претставува основ за забрана за дискриминација, основ кој што го препознава и Законот за заштита и спречување од дискриминација, меѓутоа и Европскиот суд за човекови права, но и меѓународните конвенции, велат од Народниот правобранител.

Нееднаквиот третман при користење на надоместокот поради попреченост, Народниот правобранител го нотира и во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштита на човековите слободи и права во Репбулика Северна Македонија за 2020 година.

– Ако сте постари од 65 години, а сте лице со попреченост, според постојните законски одредби немате право на паричен надоместок поради попреченост, освен ако ова право не го остваривте до 65-тата година. Ваков апсурд утврди Народниот правобранител откако на негова адреса стигна претставка од граѓанин кој поради старосната пречка (бил постар од 65 години) не можел да оствари право за овој вид на паричен надоместок. За надминување на овој проблем со нееднаквиот третман на граѓаните врз основа на годините, Народниот правобранител достави Мислење до Министерството за труд и социјална политика, во кое побара да се процени оваа одредба од Законот за социјална заштита, стои во извештајот.

Нивното истражување за согледување на состојбата со остварување на правото на надоместок заради попреченост, открива дека во 10 од 30 центри за социјална работа во земјава во 2020 и 2021 година се одбиени вкупно 23 барања за надоместок поради попреченост токму поради условот навршени 65 години.

Според извештајот, дванаесет барања се одбиени во 2020, а 11 во 2021 година.

Најмногу одбиени барања има во Центарот за социјална работа во Струмица, вкупно шест, Кичево – 5, Тетово – 3, Кавадарци и Свети Николе по две и Крива Паланка, Штип, Неготино, Делчево и Велес по едно одбиено барање.

Иницијативата за измена и дополнување на Законот за социјална заштита, заедно со извештајот, Народниот правобранител ја доставува до Министерството за труд и социјална политика во октомври. Од МТСП за МИА велат дека одговориле на истата.

– Во одговорот, Министерството го информира Народниот Правобранител дека до Уставниот суд на Република Македонија е поднесена иницијатива за оцена на уставноста на член 44 став 2 од овој закон, од лицето со иницијали А.Д од Прилеп и Институтот за човекови права од Скопје. По однос на овие иницијативи, Уставниот суд на Република Македонија донесе Решение за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 во делот: „најдоцна со 65-годишна возраст“ од Законот за социјалната заштита, а до конечното одлучување го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од Законот за социјалната заштита, велат од МТСП.

Дополнуваат дека ги известиле центрите за социјална работа за решението на Уставниот суд, да ја имаат предвид изречената мерка за запирање на извршување на поединечните акти и дејствија во постапките што се водат за остварување на надоместок заради попреченост.

– Министерството за труд и социјална политика, го извести Народниот Правобранител дека ќе постапи согласно конечната одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија по иницијативата за оцена на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита, посочуваат од ресорното Министерство.

Од Уставниот суд, пак, за МИА велат дека по ова прашање ќе се одлучува на седницата закажана в среда.

Поголемата информираност на граѓаните, клучна за остварување на правото

Народниот правобранител укажува на потребата од поголемо информирање на лицата со попреченост за начинот на остварување на правото на надоместок заради попреченост и олеснување на пристапот и остварување на правото на паричен надоместок, со цел социјално вклучување и еднакви можности на лицата со попреченост.

– Нашето истражување укажува на потреба од поголема информираност на граѓаните, особено лицата за попреченост, во поглед на тоа кaко се остварува одредено право, да им се излезе во пресрет. Mеѓу другото, тука зборуваме и за малку чувствителна категoрија, имајќи предвид дека се работи за лица со најтешка телесна попреченост, длабока или тешка интелектуална попреченост, потополнo слепи и потполно глуви лица, што значи дека дури и барањата во центрите за социјална работа, според нас, за остварување на ова право треба да бидат прилагодени на јазикот и писмото што овие лица го користат, а не да бидат задолжени секогаш до себе да имаат личен асистент за да можат да поднесат барање, велат оттаму.

Контактите со здруженијата на лица со попреченост покажуваат дека тие се разочарани од ваквото законско решение.

– Нашите контакти со здруженијата на лица со попреченост кои што се наши партнери, укажуваат на тоа дека тие се разочарани од таквото решение, бараат излез и токму затоа побараа од нас како институција да преземеме мерки, но, не се охрабрени самите да поднесуваат претставки, стравувајќи дека негативно ќе се одрази. Сепак има лица кои што зависат од паричниот надоместок кој што го прифаќаат, велат од Народниот правобранител.

Од движењето против хендикеп „Полио плус“ ја поздравуваат иницијативата на Народниот правобранител, меѓутоа, дополнуваат дека покрај возраста, Омбудсманот треба да покрене иницијатива за измена на целата одредба, како и на системот на бенефиции со тоа што ќе се бара проширување на опфатот на лицата со хендикеп и обезбедување на овој додаток од седумгодишна возраст за децата и возрасните со хендикеп, и негово целосно усогласување со одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

– Констатациите дека вака поставената одредба е дискриминирачка е согледана и од страна на Државниот завод за ревизија, каде се посочува „законските измени и ограничување на возраста за остварување на правото за попреченост до 65 години ги ограничува граѓаните да го остварат ова право кога најмногу ќе им биде потребно, односно, кога ќе западнат во подлабока старост и ќе се соочат со влошување на здравствената состојба. Наведеното доведува до намалување на бројот на корисници на додатокот за попреченост“, велат од Полио Плус.

Системот што го обезбедува државата, според нив, не само што е ограничувачки по возраст, туку истиот е заснован на медицинскиот пристап, и е ограничувачки во поглед на персоналниот опфат, при што не се опфатени сите лица со хендикеп, што, како што велат, е спротивно на обврските што државата ги има со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

– Постоечката одредба за Додаток за попреченост која беше донесена од 2019 година не ги зеде во предвид ни препораките дадени од страна на ООН Комитетот за права на лицата со хендикеп во 2018 година. Имено, во заклучните согледувања од 2018 година, Комитетот ѝ препорачува на државата (став 48): (а) Да го ревидира Законот за социјална заштита со воведување на основот хендикепот со основ за заштита од дискриминација, како и да се направи ревизија на релевантните подзаконски акти и шеми на бенефиции со цел да се гарантира соодветен стандард на живот за лицата со хендикеп, вклучуваќи ги и компензациите во форма на додатоци кои би им овозможиле на лицата со хендикеп да ги покријат трошоците поврзани со нивниот хендикеп; (б) да се укинат одредбите со кои се ограничуваат правата од социјалните бенефиции за лицата со хендикеп врз основа на возраст, како и да обезбеди и алоцира одредени додатоци и надоместоци за децата со хендикеп, образложуваат од Полио плус.

Од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност, исто така, ја поддржуваат иницијативата на Народниот правобранител. Според нив, определените права мора да бидат еднакво достапни за сите.

– На почетокот, кога беше донесена ова одредба во Законот за социјална заштита (2010 година со примена од јуни 2011 година) немаше лимит старосна граница. Меѓутоа, со донесувањето на новиот закон во 2019 година, беше ставено ова ограничување, со цел, како што велеа претставниците на Министерството, да се воведе ред и да се ограничи правото на остварување на овој надоместок за време на работоспособноста на популацијата. Ние уште тогаш реагиравме дека тоа не е исправно, бидејќи животот и активноста не престанува со одењето на луѓето во пензија, дека не е добро да се става возрасен лимит. Но, доколку веќе мора да се става некоја возрасна граница, тоа да биде најмалку 75 годишна возраст, велат оттаму.

МИА упати прашање и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде добивме одговор дека иницијативата на Народниот правобранител за измена и дополнување на Законот за социјална заштита во членот 44 став 2, која се однесува на правото на надоместок поради попреченост, досега не биле разгледувани на седница на Комисијата.

– За да може КСЗД да утврди дали во правната регулатива постојат одредби кои би можеле да произведат дискриминаторски дејствија, потребно е формално отпочнување на постапка од страна на КСЗД по службена должност или по барање на заинтересирана страна, за да потоа се донесе Стручно мислење на КСЗД, појаснуваат од Комисијата.

Извештајот на Народниот правобранител покажува дека во периодот 2020/21 година, за остварување на правото на надоместок за попреченост по основ на тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице, од лица на возраст од 26-65 години се поднесени вкупно 7 293 барања. Притоа од страна на надлежните центри за социјална работа, позитивно е одлучено за 7 142 барања, односно 97, 92 отсто. /МИА

И студентите од Ирска и Швајцарија ги зазадоа универзитетите на пропалестински протести (ВИДЕО)

Студенти на колеџот Тринити во Даблин и на швајцарскиот универзитет во Лозана ги окупираа своите универзитети во знак на протест против војната во Газа, приклучувајќи се на бранот протести што се прошири во американските кампуси.

Во Даблин, студентите поставија камп, принудувајќи го универзитетот денеска да го ограничи пристапот до кампусот и да ја затвори изложбата Книга на Келс, една од најдобрите туристички атракции во Ирска. Кампот беше формиран откако студентскиот сојуз соопшти дека универзитетот го казниле со 214.000 евра за загубите предизвикани од протестите во последните месеци, а не исклучиво поради Газа, објавија локалните медиуми.

Демонстрантите бараа Тринити да ги прекине академските врски со Израел и да ги повлече инвестициите од компаниите кои имаат врски со земјата. Претседателот на студентскиот сојуз Ласло Молнарфија објави фотографија од клупи поставени на влезот на зградата во која се наоѓа Книгата на Келс, изложба на илуминирани ракописи од келтски монаси создадени околу 800 година п.н.е.

@mick.barrytd

March to Trinity College in Dublin in support of the student encampment on campus

♬ original sound - Mick Barry TD

Колеџот Тринити соопшти дека изложбата ќе биде затворена денеска. Повеќе од 34.600 Палестинци се убиени во седуммесечните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија здравствените власти на енклавата. Војната започна со упадот на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 252 беа киднапирани, од кои 133 се уште се држат во заробеништво во Газа, според израелските податоци.

Пропалестински протести се одржуваат и на универзитетите во САД, Австралија и Канада. Во швајцарскиот град Лозана, околу стотина студенти ја окупираа зградата и побараа прекин на научната соработка со Израел.

„Палестинците умираат повеќе од 200 дена, но никој не нѐ слуша. Сега има глобално движење за да ги принуди владите да дејствуваат, но тоа не се случува. Затоа, сега сакаме да ги принудиме универзитетите да се вклучат“, рече еден од демонстрантите за Швајцарската телевизија.

Универзитетот соопшти дека ќе го дозволи протестот до понеделник бидејќи тоа не ја нарушува работата во кампусот. „Ние, универзитетите, не сме повикани да заземаме политички позиции“, рече ректорот на универзитетот Фредерик Херман за радиото РТС.

„Ова е сон“- по 22 години го напуштил инженерското место во Мајкрософт за да чува гуски

Фенг Јуан, софтверски инженер кој поминал 22 години работејќи за Мајкрософт пред да стане фармер на гуски, стана вирален на социјалните мрежи.

Додека корисниците на Интернет разговарале за неговото извонредно патување, еден корисник решил да сподели слика со натпис: „Оставете го Мајкрософт по 22 години само за да станете фармер на гуски“. Од објавувањето, објавата предизвика широка дискусија и пофалби за кариерата на Фенг Јуан.

Објавата содржи скриншот од профилот на Линкедин на Хуанг, давајќи им на читателите поглед на неговата долга кариера во Мајкрософт.

Врз основа на информациите за профилот, тој е одговорен за многу проекти низ годините и извршувал клучни функции. Тој бил архитект околу една година и четири месеци, по што станал главен инженер за развој на софтвер, функција на која работел повеќе од 21 година. Покрај тоа, тој придонел за проекти како што се Azure Performance Team Office 365 Foundation Engineering и развој на апликации на Bings.

Пред тоа, Фенг Јуан бил развивач во Hawleet каде поминал околу седум години како виш софтверски инженер. Инаку, овој човек има докторат по компјутерски науки на Универзитетот Нанџинг и диплома по електротехника на Универзитетот во Шангај.

Во коментарите, многумина ја пофалиле неговата подготвеност да се промени, додека други зборувале за можните причини кои го довеле до оваа одлука, а некои го обвиниле за лоша рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

- Интересно е што почна да работи кога се родив јас и мислам дека уживаше во корпоративниот живот и учеше животни лекции. Тоа е во ред – се вели во еден од коментарите, цитиран од Маркетреалист.

Еден од коментарите на оваа објава гласел: „тоа е сон“.

Инаку, на профилот на Хуан стои дека живее во Вашингтон.

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон

„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“.

„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.

Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.

„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.

Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.

„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО - ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата,се наведува во партиското сооштение.

притисни ентер