Лесен прилог: Рецепт за лепчиња од тиквички

Фото: RedNumberOne / Alamy / Alamy / Profimedia

Лепчињата од тиквички може да биде одличен оброк или прилог. Најчесто се подготвуваат од рендани тиквички, брашно, јајца и зачини, пишува „Пун куфер“.

Ако не јадете производи од животинско потекло, како јајца, сепак можете да ги направите овие крцкави лепчиња. Јајцата заменете ги со кремаста паста од сусам, во која сте додале малку сок од лимон.

Наместо обично бело брашно, користете брашно од наут и на тој начин зголемете ја количината на протеини во садот. Додадете брашно по потреба и во зависност од тоа колку е влажна вашата смеса.

Ако сакате да го продлабочите вкусот на лепчињата, додадете една лажичка сенф и малку сечкан свеж копар во смесата.

Состојки:

  • 400 гр рендани тиквички
  • 90 гр брашно од наут
  • 3-4 лажици сечкан свеж копар
  • 1 лажица таан
  • 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
  • 1 лажичка сенф
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

Измијте ги тиквичките, исушете ги и изрендајте ги на тенки ленти. Лесно посолете ги и оставете ги десетина минути. Потоа ставете ги во чиста памучна крпа и добро исцедете го вишокот вода.
Измешајте сок од лимон со таан. Добиената смеса прелијте ја врз ренданите и исцедени тиквички.

Во смесата додадете брашно, сечкан копар, сол и бибер по желба. Ако смесата е премногу влажна, додадете уште брашно.Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути.

Во тава загрејте малку масло и на него пропржете ја смесата. За да ги направите лепчињата, земете две до три лажици од смесата и ставете ги на тавче и израмнете ги со шпатула.

Пржете ги лепчињата околу три до четири минути од секоја страна, додека не добијат златно кафеава боја.

Послужете ги со сос по ваш избор.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот