ХОРОР ВО ЦРНА ГОРА: Ќерка си ја убила мајката

Н.Л.Т. (29), државјанка на Јужна Африка, е уапсена под сомнение дека утрово ја убила мајка си во Пераст.

Полициската управа (УП) соопшти дека медицинскиот персонал од Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст било пронајдено тело на жена, а нејзината ќерка Н.Л.Т.

– Полицијата излегла на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатиот, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта – се посочува во соопштението на УП.

Ќерката на убиената е уапсена

Од УП додаваат дека увид на лице место е извршена во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.

– Припадниците на полицијата по преземени сеопфатни истражни дејствија дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата. Заедно со кривичната пријава ќе биде изведена на понатамошна надлежност до в.д. обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица – се заклучува во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното