Време е Приштина да ја формира СЗО, вели Вучиќ по состанокот со Ескобар и Лајчак

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Состанокот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Вашингтон за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, за ситуацијата на северот на Косово беше одржан вечерва во вилата „Мир“ во Белград.

По состанокот, претседателот на Србија се огласи преку социјалните мрежи:

„Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои би воделе кон зачувување на стабилноста на целиот регион. Порачав дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред сè формирањето на Заедница на српски општини во согласност со Бриселскиот договор. Сакам да верувам дека делот од меѓународната заедница кој има најголемо влијание на Приштина, има и механизми кои можат да доведат до конечна реализација на обврските кои Приштина ги прифати и потпиша пред повеќе од една деценија“, напиша Вучиќ.

Ескобар изјави дека до утре ќе чека одговор од Приштина и Белград на предлогот на Европската Унија за деескалација на северот на Косово.

Во разговор со неколку новинари на Косово, тој зборувајќи за актуелната ситуација на северот, кажа дека патот напред е предлогот на ЕУ за моментална деескалација, вклучувајќи план градоначалниците да не работат од општинските згради додека има тензии, и организирање на нови избори со учество на Србите и реализација на Охридскиот анекс.

„Тоа значи дека мора да видиме реален напор на Косово да ја формира Заедницата и мора да видиме чекори кои ги презема Србија. Тоа мора да се направи сега, за тоа мора да се договориме денес и утре, бидејќи во петок Мирослав (Лајчак) и јас поднесуваме извештај на нашите претпоставени дали сме успеале или не“, кажа Ескобар.

Лајчак денес на Твитер објави дека за време на средбата со Вјоса Османи и лидерите на опозициските партии ја истакнал важноста за наоѓање политичко решение кое би овозможило враќање во нормалното.

„Јас, Габриел Ескобар и амбасадорот (на САД на Косово) Џефри Ховениер им ги објаснивме на опозициските партии на косовските Албанци последиците од актуелната криза и штетата по меѓународниот углед на Косово. Ги замоливме да поддржат политичко решение за намалување на тензиите“, напиша Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот