Следува период на претежно стабилно и потопло време, со повеќе сонце
Времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен.
Од недела следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.
Информации од изутринаава:
Минимална температура (во °C)
-2 Лазарополе, -1 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Битола, Крушево, Тетово, 2 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Претор, 3 Берово, 4 Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 5 Велес, Демир Капија, 6 Кавадарци, Гевгелија, 10 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
7 Попова Шапка, 5 Тетово, 4 Пожаране, Крива Паланка, Крушево, 3 Охрид, 2 Прилеп, Виница, Маврови Анови, Претор, 1 Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.5, Дојранско Езеро 17.8.