Покрај божиќните бонуси и регресот за годишен одмор, вработените во Audi добиваат и бонус за успешност и учествуваат во програмата за споделување профит

Според неодамна објавениот финансиски извештај, Audi ги зголемил приходите од продажба во првите три квартали од 2022 година во споредба со претходната година за 10,4 отсто на 44,6 милијарди евра, а германски Bild штотуку откри колку заработуваат неговите вработени.

Разликата во платите на 59.000 вработени (фабриките во Инголштад и Некарсулм) е огромна. Според извештајот, платите на работниците почетници стартуваат од 2.398 евра месечно, додека квалификуваните работници заработуваат 3.240 евра месечно.

Годишната плата на проект менаџер е 87.200 евра, инженер 86.800 евра, автомеханичар 39.200 евра, а на еден студент 17.300 евра. Така, кога ќе се подели годишната плата, студентите месечно заработуваат во просек по 1.440 евра.

Што се однесува до првиот човек на компанијата, Маркус Дајсман, претседател на одборот на директори на Audi, минатата година примил основна плата од еден милион и 420 илјади евра.

Покрај божиќните бонуси и регресот за годишен одмор, сите вработени во Audi добиваат бонус за успешност и учествуваат во програмата за споделување профит.