НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ БЕЗ ЗИМСКА ОПРЕМА - Македонија пат биле подготвени ако заврне снег
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2022
Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје подготвени ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.
-Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег, се наведува во соопштението од ЈПОЗМРП Скопје – „Македонија пат“.
Воедно упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.